Одѕивот на читателите

 

Во продолжение е изнесен само мал дел од многубројните повратни информации од теренот, од луѓе од сите општествени структури и слоеви во Македонија кои ја добиле книгата. Почитувани, ве охрабруваме да изделите малку време и внимателно да ги прочитате тие повратни информации за книгата што ни пристигнале од теренот, зашто теренот е тој што исправно ја вреднува книгата. За таа цел, кликнете на приложените наслови за да ви се отвори текстот на повратните информации што сакате да ги прочитате.

ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД ТЕРЕНОТ ОД УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР
Повратна информација од теренот од универзитетски професор: „Почитуван и драг Г-н Никола, oд каде ја црпите таа неизмерна енергија во вас!

После семестралниот ‘распуст’, денес повторно се собравме и се вративме на редовните обврски на Универзитетот. Она што на вас сакам веднаш да ви го пренесам од впечатокот на првиот работен ден е – позитивната импресија со која ме ‘заплиснаа’ повеќето мои колеги во врска со вашата книга и вашето творештво!!! Имено, јас уште во јануари вашиот допис го ставив на е – мрежа на Универзитетот со уверување дека ќе наиде на многу позитивен прием! Моите очекувања се остварија и тоа на чело со Деканот на Х факултет, проф. д-р XX. Овој човек посвети повеќе од два часа да ми објасни колку е воодушевен од содржината на вашата книга „Времето и знаците“, повикувајќи се на безброј цитати од неа и ветувајќи дека со делови од книгата ќе ги запознае и студентите (тој ги предава предметите XXХ). Исто така, тој е еден од првите што од секретарката на Библиотеката ја зеде вашата книга (како што знаете, јас уште веднаш по добивањето на книгата испратив допис за неа на е-мрежата до сите вработени). Книгата ја коментираа со воодушевување не само колеги од мојот факултет туку и професори, социолози и правници од правниот факултет, од факултетот за политички науки и факултетот за странски јазици. Искрено кажано сето тоа ми го направи многу убав денешниов ден и уште повеќе ме наведе да ги ценам вашите интелектуални и духовни вредности. Ви благодарам многу!
Примете неизмерни поздрави за вас и вашето ценето семејство, Проф. XX“

ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД УНИВЕРЗИТЕТСКА ПРОФЕСОРКА
Повратна информација од универзитетска професорка: „Почитуван колега Тасевски, Ви честитам за книгата и Ви благодарам што ми ја подаривте. Почнав да ја читам и, да бидам искрена, веќе ми влеа страв, но ќе ја дочитам бидејќи стилот на кој е пишувана ми се допаѓа, а темата е страшно интересна. Ви пожелувам уште многу книги. Поздрав од проф. XX.“
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ПО ТЕЛЕФОН ОД ДОКТОР XX ОД ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО Х
Повратна информација по телефон од доктор XX од здравствениот дом во Х, кој побара да му пратиме нему и на двајца негови пријатели примерок од книгата „Времето и знаците“ што ја видел кај свој пријател. Книгата веќе ја прелистал и кажа дека тоа „не е книга за читање, туку книга за студирање“. Тој побара да му пратиме и некоја од другите книги што се посочени во автобиографијата на корицата на книгата.
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД УНУВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР
Повратна информација од унуверзитетски професор: „Почитуван Проф. Никола Тасевски, го потврдувам приемот на најновото издание (четврто) на Вашата, би рекол веќе антологиска книга ‘Времето и знаците’ и искрено Ви благодарам што ми овозможивте да го имам овој труд, особено затоа што ги имам и првото и второто издание! Импресиониран сум од континуираниот позитивен тренд на проширување и збогатување на вашиот исклучително вреден книжевен и научен труд, како по својот квантитет според обемот на страници, така и по својот квалитет според обемот на научниот опфат и научна критика, јас би рекол за сјајот и бедата на легитимирањето и препознавањето на христијанството и христијаните во еден милениумски временски период, за кој, во име на вистината, Вие не штедите зборови кога треба и кого треба да го етикетирате во трлото на овците или во глутницата на волците (како што и самиот ќе напишете во книгата!).

Јас сум импресиониран од содржината на Вашето дело: пишувате елоквентно и објективно, пишувате убедливо и – храбро! Да, верата и Христијанството ги објаснувате непристрасно и научно, без апологетика и ‘покорност’, без политиканство и црковно полтронство. На христијанството му давате космополитска унификацијата оти – вистината нема множина, нели!

Уште еднаш Ви благодарам, почитуван и драг Господин Тасевски, за задоволството што ми го овозможивте да уживам и да се чувствувам повреден, па дури и помоќен додека го читам Вашето Дело! А тоа е така напишано што може само да се чита, а не – да се прочита!!! Значи, со Вашата книга – ќе се дружам – во континуитет! Со почит, Проф. XX“

ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА: НА БАРАЊЕ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИНСТИТУТОТ XX
Повратна информација: На барање на директорот на Институтот XX, им однесовме 6 примероци од книгата „Времето и знаците“ за вработените во тој институт. Во таа пригода таму јас имав средба и разговор со писателката XX којашто, покрај другите убави работи што ги кажа за книгата што ја добила уште порано по пошта, кажа дека оваа книга ја пишувал ретко толку писмен човек, кој материјата ја има во прсти.
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ
Повратна информација од интелектуалец: „Почитуван професоре Тасевски, мислам дека убаво аналитички ја образложувате својата поента, и морам да кажам, во голема мерка ме освестувате за многу нешта. Сакам да Ви заблагодарам за трудот, кој ми даде и мене нови увиди.“
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА, ПИСМО ОД АКАДЕМИК
Повратна информација, писмо од академик: „Почитуван господине Тасевски, ја примив Вашата книга ‘Времето и знаците’. Ви благодарам и со задоволство ќе ја прочитам.Тоа е обемно дело во кое Вие се осврнувате на многу аспекти поврзани со библиските феномени и опкружувањето на доброто и злото сè до современиот свет. Ви посакувам и понатаму плодна работа и честитики за Христовото раѓање и новогодишните празници. Со почит, акад. XX.“
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА, АКАДЕМИК, НА ТЕЛЕФОН
Повратна информација, академик, на телефон: „Господине Тасевски, ја добив вашата книга ‘Времето и знаците’ и ви благодарам. Има интересни работи во неа и ќе ја прочитам.“
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА, ПИСМО ОД УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР
Повратна информација, писмо од универзитетски професор XX со следната содржина: „Почитуван колега Тасевски, Ви се заблагодарувам на Вашето писмо кое со внимание го прочитав. Уште еднаш Ви честитам на упорноста да завршите 4 факултети, со што Вашиот хоризонт е многу поширок од личност насочена само во една област. Со особено внимание ја прочитав книгата што ми ја пративте, а ја поседувам и Вашата книга ‘Патот кон Христа’. И двете книги повремено ги препрочитувам. Без празни комплименти искрено го изразувам моето мнение дека напишаните книги се на многу висок стил со широко познавање не само на архаичко светски филозофски и теолошки проблеми од сите области. Навистина Вашите дострели не се само во областа на теологијата, така што зад себе ќе оставите забележителна трага, што е најзначајно за една личност. Сето тоа, заедно со Вашиот осмислен, богат и содржаен семеен живот, навистина Ве прави комплетно задоволен и необично среќен човек, што е реткост… Би сакал да имаме усмена размена на мисли. Во таа смисла, особено задоволство ќе ми биде средба со Вас, веројатно по одморите, секако по заемен договор. Со искрени поздрави, проф. д-р XX.“
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД УНУВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР
Повратна информација од унуверзитетски професор: „Многу почитуван г-н Никола! Не помислувајте дека ви ласкам, но јас сосема одговорно и реално ќе ве потсетам дека вашиот научен и креативен опус се простира мултидисциплинарно и поливалентно до сите сегменти на општествената свест, и додека мојата преокупација во областа на економијата задира само до материјалното битие – вашата инвентивна и научна посветеност задира и допира до сите пори на општествената еволуција на битието на – homo sapiens!

Вие подобро од мене знаете дека материјалната страна на човековото живеење е ‘condicio sine qua non‘ за неговата целокупна и вистинска егзистенција – духовна, културна, емоционална, уметничка итн. Економијата и материјалното производство се само услов за да може нашиот Човек да опстане и да се потврди како најинтелигентно битие меѓу сите други што нè опкружуваат. И токму во таквата констелација на нештата, во милениумски развој на Општеството, или како социолозите ќе речат на општествено економските формации – доаѓа до ‘изместување’ на полугите на развојот и верата, особено во првиот милениум по Христа или, уште повеќе, до првата половина од вториот милениум (Јан Хус!!! нели?).

Што ми е поентата господине Никола? Една многу важна работа: ако некој не ги прочита моите книги или не ги познава моите истражуваа – верувајте, нема многу да загуби (во животот и во праксата ќе надомести). Но кога некој ќе ги прочита вашите книжевни дела и се запознае со вашето фокусирање на општествениот видоназор на функционирањето и развојот на Општеството на човековиот од’, каков што го препознавате, толкувате и објаснувате вие – секој ваш читател ќе мора да си признае дека повеќе или помалку дотогаш живеел во големи заблуди во врска со верата, правото, слободата, и љубовта – на луѓето и меѓу луѓето, на религиите и меѓу религиите, на државите и меѓу државите… Јас ви го кажувам тоа од сопствено искуство, и пак ќе ви речам дека мојата прва ‘средба’ со вашите дела од пред десетина и повеќе години ме наведе и натера да размислам подлабоко и поправедно за ‘анкерите на вистината’ кои вие ги соопштувате преку вашиот фактографски времеплов во просторот и во настаните што се случиле во него! И јас ви благодарам за тоа. Особено со вашето капитално дело ‘Времето и знаците’ ми ги отворивте внатрешните очи со кои го гледав и негував тоа што до тогаш го знаев за верата и религијата, и да сфатам – за која вера и религија еден К. Маркс ќе рече дека е ‘гробар на научната вистина и опиум за народот’!!! А вие, сега ми помогнавте, со прекрасниот веб – материјал (филм за Јан Хус) што ми овозможивте да го користам, да дознаам дека еден Јан Хус многу попрофесионално и во вистинска функција истото тоа ќе го каже три века пред Маркс (кој, се разбира, ‘лошата вистина’ за ватиканската столица ја користи за сосема друга намена, за идеолошко политички цели и манипулации). Почитуван професор Никола, јас ќе ви бидам особено благодарен ако и во некоја друга прилика ми овозможите увид во материјали од делокругот на вашите истражувања во било која форма на интернет мрежата. Примете ги моите искрени изрази на почит, Ваш проф. XX“

ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД АКАДЕМИК
Повратна информација, академик: „Почитуван господине Тасевски, ја примив Вашата книга ‘Времето и знаците’. Ви благодарам за овој прекрасен и многу значаен подарок.Темите што ги обработувате во вашата книга заслужуваат особено внимание. Јас од нив преземам идеи и материјали кога ги пишувам моите научни трудови. Ви посакувам и понатаму успех во вашето творештво. Академик XX!“
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД ДИРЕКТОРКАТА НА ОУ ХХ, ВО Х
Повратна информација од директорката на ОУ ХХ, во Х со следната содржина: „Список на вработените во ОУ ХХ што ја порачуваат вашата книга – 32 професори.“ По седум дена директорката одговора: „Господине Никола, сакам да ве информирам дека сите вработени ја добија вашата книга онака како што беше побарана и веќе некои од колегите разменуваат мислења. Што се однесува до мене, можам да кажам дека да се има такво дело е голема чест, сум задоволна од тоа што веќе го прочитав дури и изненадена од информациите… Се надевам за дополнителна соработка! Голема благодрност. Поздрав од сè срце ХХ, проф. по ликовно образование, академски сликар.“
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД ДИРЕКТОРОТ НА ЕДНА АЛБАНСКАТА ТЕЛЕВИЗИСКА СТАНИЦА
Повратна информација од директорот на една албанската телевизиска станица од Х, кој ми заблагодари за книгата што им ја пративме претходните денови. Кажа дека книгата ќе ја читаат сите вработени во нивната телевизиска станица.
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ
Повратна информација од интелектуалец: „Почитуван професоре Тасевски, за книгата ‘Времето и знаците’ имам многу ласкави мислења, оти е обемна, многу писмена (јазично), со висока стилска вредност, а сметам дека поседува и висока систематичност. Не сум читал верски книги од македонски автори, но кога ќе Ве споредам со други автори, ми се вклопувате во најгорните 10 од 100, односно најдобрите. Што се однесува до бројот 666, Ви благодарам што се потрудивте да ми дообјасните. Ви посакувам крепко здравје и многу семејна среќа.“
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА, УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР
Повратна информација, универзитетски професор: „Почитуван Професоре и мој драг пријателе Никола, прво, едно големо благодарам што не ме заборавате, и што ме удостоивте со вниманието пак да ми испратите уште една содржина-показ на вистината за Црквата и верата во Бога, и за Божјите слуги, и ‘СЛУГИ’ на Црквата, на Божјата милост, или . . . !!! ??? Јас сум збунет, и запрепастен: од она што тековно сè повеќе се открива и обзнанува во светот – од она што можев да го прочитам во текстот што ми го направивте достапен во врска со мрачните коридори од минатото на делување на една морбидна рака како моќна сива еминенција која го обликувала и разобличувала Светот и историјата на Човекот!!! Читајќи го сето тоа, запрепастен и разочаран, ‘засолниште’ наоѓам (како и во многу други прилики до сега) во Вашето епско дело ‘Времето и знаците’ во мотото од насловот КАДЕ Е БОГ КОГА НЕВИНИ СТРАДААТ?“
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА, ПРЕПОРАЧАНО ПИСМО ОД ОСНОВНОТО (АЛБАНСКО) УЧИЛИШТЕ XX, ОД ТЕТОВСКО
Повратна информација, препорачано писмо од Основното (албанско) училиште XX, од Тетовско, со следната содржина: „До професорот Никола Тасевски, Скопје. Поштовани професоре …, ве известуваме дека имате едно извонредно дело ‘Времето и знаците’ коешто е вреднувано од наша страна и ние бараме да ни испратите барем уште 20 примероци ако имате можност. Со почит кон вашето дело и посебно кон ВАС. Проф. XX.“ Следи потпис и печат на училиштето. – Покрај седумте примероци од порано, пратени им се уште 20 примероци од книгата.
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА, ПИСМО ОД УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР
Повратна информација, писмо од универзитетски професор XX од Х со следната содржина: „Почитуван професоре Никола Тасевски, примете искрени поздрави и голема благодарност во врска со Вашата книга ‘Времето и знаците’ која ме воодушеви и духовно надгради. Се работи за едно навистина мошне вредно и квалитетно духовно дело кое ќе биде инспирација и поттик за многу наредни генерации. Ви посакувам понатамошен подем на научен и стручен план. Со особен респект, проф. Доктор на науки XX од Х.“
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР, АЛБАНЕЦ, ОД ТЕТОВО
Повратна информација од универзитетски професор, Албанец, од Тетово: „Почитуван Професоре Тасевски, сакам да потврдам дека денес ја примив вашата книга ‘Времето и знаците’. Ви благодарам многу. Се надевам дека ќе најдам време да го прочитам. Дозволете да ви посакам добро здравје и нови успеси. Со почит, проф. XX.“
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД УНУВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР
Повратна информација од унуверзитетски професор: „Почитуван Господине Никола, ми годеше Вашето возвратно писмо, и јас сум Ви многу благодарен за тоа, бидејќи од она што сте го напишале досега и од комплексноста и мултидисциплинарноста на образованието со кое сте се стекнале – со воодушевување и задоволство можам да заклчучам дека Вие сте, пред сè, исклучително вреден и трудољубив човек со огромен интелектуален капацитет кој скромно и без ‘фанфари’ животот го посветил во инвентивната потрага и толкување на ВИСТИНИТЕ во Библијата (јас на пример, прв пат во Вашата книга добив можност да ја прочитам веродостојната содржина на Десетте Божји заповеди, и не само тоа!!!). Исто така, со радост дознавам дека Вие само што сте го објавиле и петтото преработено и дополнето издание на Вашата книга ‘Времето и знаците’, за што јас од сè срце ви честитам!!!
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД ДИРЕКТОРКАТА НА ЕДНА ОЧНА КЛИНИКА
Повратна информација од директорката на една очна клиника која кажа дека книгата што ја добиле претпладнето ја разгледале сите вработени во клиниката и утврдиле дека е прекрасна книга и нарачаа десет нови примероци за сите вработени. Следните денови им се пратени нарачаните примероци.
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД СЛУЖБЕНИК ОД ПОДРАЧНАТА ЕДИНИЦА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА ОД XX
Повратна информација од службеник од подрачната единица на министерството за правда од XX кој реагираше зошто нивното министерство не добило книги како и другите подрачни министерства во нивниот град. Јас го смирив и му ветив дека истиот ден ќе им бидат пратени книги и ним.
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД ГОСПОЃА ОД ГРАДОТ Х
Повратна информација од госпоѓа од градот Х која ми кажа дека во подрачното министерство за економија во нивниот град службениците се разграбале за книгите што им беа пратени. Таа нарача уште два примерока од книгата.
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА, ПИСМО ОД АДВОКАТ
Повратна информација, писмо од адвокат: „Почитуван професоре Тасевски, на 4 мај ја добив Вашата книга ‘Времето и знаците’ и за Вашиот подарок НАЈИСКРЕНО ВИ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВАМ. Го прочитав уводот на книгата и првиот впечаток е позитивен. Верувам дека како човек ќе бидам збогатен со едно ново ПОЗИТИВНО искуство и познавање на религијата, додека уште позначаен го сметам фактот дека со текот на читањето на Вашата книга ќе можам на сосем поинаков начин, на едно повисоко ниво, да ги гледам настаните што се одвиваат во нашата земја и во светот, а во тој контекст и моите професионални и лични обврски во потесното и поширокото семејство. Заблагодарувајќи Ви се, уште еднаш Ви посакувам добро здравје и успех во работата и уште многу Ваши книги, со верба дека со текот на читањето на книгата ќе можам моите импресии за истата да ви ги изнесам. Со поздрав, адвокат XX, Битола.“
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД УНУВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР
Повратна информација од унуверзитетски професор: „Почитуван г-не Никола, немам зборови да ви ја изразам мојата радост и благодарност за вашето внимание што ми го посветивте и ми го испративте најновото издание од вашето капитално дело ‘Времето и знаците’. Верувајте ми, дома и на работа постојано е присутна оваа книга на мојата работна маса – нема ден а да не ја отворам и прочитам и препрочитам бисери од вашиот ум како толкувач на вистините за верата и како критичар на заблудите од некои други толкувачи од досегашниот времеплов! И што е најважно, моите пријатели, моите колеги и моите студенти не само што навикнаа со ‘видикот’ на ‘Времето и знаците’ на моето биро –  туку сè почесто изразуваат желба да ја прочитаат оваа драгоцена книга. Благодарение на вас, јас располагам со неколку примероци од неа од различни изданија и со задоволство им ги правам достапни на моите посетители за лично да се запознаат со содржината на трудот. Не е комплимент туку е факт дека делото ‘Времето и знаците’ од издание во издание станува сè посеопфатно и – мултидисциплинарно со енциклопедиски порив на филозофија на живеењето во многувековниот пулсирачки ритам на човекот од Христовото доаѓање до апокалиптичното заканување на Глобализациското современие!!!

Вие сте на добар пат (иако тоа скромноста можеби не ви го дозволува да го признаете) ова капитално дело да го устоличите на пиедесталот на светските бисери на толкување, јас би рекол на Божјите координати на Кодот на човековото живеење со основна намера да предупредите алармантно на заканите од сè почестите и сè погруби и погубни изветоперувања на Христовото Писмо во Библијата. Или, како Вие одлучно и аргументирано ќе речете:  Денешното Христијанство е јалов историски хибрид без Христа и без Библиска иднина ! Со искрена почит, Проф. XX“

ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД М-Р ОД Х
Повратна информација од М-р од Х: „Почитуван господине Тасевски, ова писмо ви го пишува М-р XX од Х, со цел да ви изразам огромна благодарност бидејќи ми одговоривте на е-маилот и ми пративте еден примерок од вашето извонредно дело ‘Времето и Знаците’. Го прочитав во еден здив и искрено имам само најубави честитки и позитивни комплименти за стилот и нивото на кое е напишано. Сега веќе е во рацете на мои блиски пријателки позајмено да го прочитаат, бидејќи навистина е вредно да се прочита и покаже дека во Македонија постојат писатели кои се во чекор со светските имиња. Ви посакувам во иднина огромен успех и афирмација во светски размери. Со респект, М-р XX.“
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД ПРОФЕСОР XX ОД Х
Повратна информација од професор XX од Х. Во неговото опширно писмо, покрај другото, тој кажува: „Со најголем дел од текстовите во Вашата најнова книга ‘Времето и знаците’ јас се согласувам, затоа што изнесуваш многу позитивни работи кои мнозина од луѓето не ги познаваат, а еден од нив сум и јас. За тоа сум благодарен зашто со тие текстови мојата христијанска душа и мојата вера многу се засилија… И покрај моите критики и кон тебе и кон адвентистите, сепак, адвентистите во својата плејада луѓе имаат човек со високо реноме на знаења како што видов од сите области на општествениот живот. Сепак, и ти си човек, како и јас и цел живот ќе учиме и ќе дознаваме работи кои не ни биле достапни. Но гледам дека кај тебе има многу поголеми сознанија отколку кај мене, бидејќи за бадијала не си завршил толку видови на образованија при што си успеал да стигнеш на голема височина и длабочина… Преку твојата убава книга секој човек може, ако ја прочита, да дознае сè што се случило на оваа измачена планета за која Господ Бог секогаш се интересира за нејзино подобро утре и за нејзина среќна иднина… Се гледа дека имаш огромно знаење од многу области… се гледа дека ептен многу работи знаеш.“
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД ПОЕТ, РАСКАЖУВАЧ, РОМАНСИЕР, ДРАМСКИ АВТОР И ПИСАТЕЛ ЗА ДЕЦА
Повратна информација од поет, раскажувач, романсиер, драмски автор и писател за деца. „Господине Тасевски, ја добив вашата книга што сте ми ја пратиле. Ви благодарам и со задоволство ќе ја прочитам.Таа заслужува секоја пофалба. Се гледа дека сте вложиле огромен труд и сте се жртвувале. Во неа сте опфатиле широка лепеза на наслови и поднаслови. Сте дале многу обемно и комплетно теолошко дело. Комплетно затоа што подробно сте го обработиле и Стариот и Новиот завет. Ви честитам и ви посакувам натамошен успех – да напишете уште многу други убави книги.“
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД УНУВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР
Повратна информација од унуверзитетски професор: „Почитуван и драг господин Никола, најпрво сакам неизмерно МНОГУ да ви се заблагодарам за драгоцениот подарок – двата примероци на најновото издание на вашето дело ВРЕМЕТО И ЗНАЦИТЕ! Едниот примерок ѝ го однесов на сестра ми, која веќе претходно беше запозната (и воодушевена) со содржината на ова раскошно дело читајќи го мојот поранешен примерок на едно од претходните ваши изданија на делото. Јас сум среќен што околностите (и судбината, ако постои судбина?) ми овозможија да го имам задоволството од шансата што ми се укажа да стапам во контакт со вас, зашто судејќи по сè она што сте го напишале и постигнале на едукативно и научно поле (како личност со повеќе универзитетски дипломи, и со драгоцен опус на преведени и сопствени научни дела) – очигледно е дека станува збор за извонреден човек во секој поглед, кој неуморно во животот се изградувал како ЧОВЕК освојувајќи ја или уште поточно создавајќи ја среќата за себе и за своето семејство, и служејќи за пример како тоа треба да го прават и сите други добронамерници! Со почит и искрени поздрави, ваш XX.“
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ПО ТЕЛЕФОН ОД СЕКРЕТАРКАТА НА ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР XX НА ФАБРИКАТА Х
Повратна информација по телефон од секретарката на генералниот директор XX на фабриката Х, која во име на директорот ми заблагодари за книгата што му ја пратив претходниот ден. Секретарката кажа дека, пред да му ја предаде на директорот, таа ја разгледала книгата и оценила дека тоа е извонредна книга и побара примерок за себе. Се разбира, пратена ѝ е книга и нејзе.
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ПО ТЕЛЕФОН ОД XX ОД Х
Повратна информација по телефон од XX од Х, која ме замоли да ѝ пратам примерок од книгата „Времето и знаците“ којашто ја видела и ја позајмила на читање од една своја пријателка на која веќе ѝ бил пратен примерок. Кажа дека веќе ја прочитала до половина и дека увидела оти книгата е прекрасна за читање, дека се согласува со сè што прочитала до сега во неа и дека таа книга треба да ја има секој човек во свои раце и да ја прочита. Ми заблагодари за трудот што сум го вложил и сум напишал едно такво вредно дело кое заслужува секое внимание и почит.
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД М-Р XX
Повратна информација од м-р XX: „Почитуван господине Тасевски, Ви пишувам во името на една моја блиска пријателка, која не само од мене туку и од многу други личности слушнала за вашето прекрасно дело ‘Времето и знаците’, па искрено ве замолувам доколку ви има останато уште некој примерок да ѝ подарите на мојата пријателка, која е апсолвент на книжевност и искрено посакува примерок од вашето дело да биде во нејзините раце да го прочита. Ви благодарам предвреме. Со почит, м-р XX.“
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД ПРОФЕСОР НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ
Повратна информација од професор на средно училиште: „Почитуван господине Никола, трите книги ги добивме. Од скромност да не порачаме многу книги, се одлучивме да порачаме само три, заедно со четвртата на директорот, за што многу Ви благодариме. Интересот за оваа книга во нашето училиште, па и во општина Х, е многу голем, па би ве замолиле, ако постои можност, да ни пратите уште 20 (дваесет) такви книги на име Државно средно училиште XX, во Х, со што граѓаните на овие простори би имале можност да ја осознаат вистината и да одат по вистинскиот пат, бидејќи само еден пат води кон вистината. Уште еднаш благодариме многу, Проф. XX.“
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА XX
Повратна информација од поранешен министер на Министерството за XX, ми заблагодари за книгата што ја добил. Кажа дека е фасциниран од неа.
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД ДИРЕКТОРКАТА НА ИНСТИТУТОТ Х ВО СКОПЈЕ
Повратна информација од директорката на Институтот Х во Скопје која побара да им однесеме 32 примерока од книгата „Времето и знаците“ за вработените во таа државна институција. Нарачаните примероци им се однесени.
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД ДИРЕКТОРОТ НА ИНСТИТУТОТ ЗА XX ВО СКОПЈЕ
Повратна информација од директорот на Институтот за XX во Скопје кој побара 53 примерока од книгата за вработените во таа државна институција и искажа благодарност.
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ОД ПРЕТСТАВНИК НА РОМИТЕ
Повратна информација од претставник на Ромите: „Почитуван господине Тасевски, ние сме членови на Хуманитарната и културна асоцијација на Ромите од Х. Вашата книга ‘Времето и знаците’, испратена како поклон до Сојузот на Ромите на Х, беше доставена на наша адреса, така што имавме можност да ја разгледаме и да прочитаме дел од неа. Начинот и сè она што е третирано и толкувано во неа навистина нè заинтересира и би сакале да ни испратите уште три примероци од книгата. Ви благодариме.“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат